Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно, а по котлините магливо. На југот, главно на планините, со услови за слаб локален дожд.
Температурата ќе се движи од 6 до 11 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно, со температура до 7 степени.
Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат в сабота и в понеделник, кога поради спуштање на постудена воздушна маса, врнежи од снег можно е да има и на некои пониски места.