fbpx

Времето денеска студено и ветровито

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со засилен северен ветер долж Повардарието и во источните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...