fbpx

Времето денеска со врнежи од дожд и снег

-

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните и вечерните часови и тогаш повторно речиси насекаде ќе бидат од снег, освен на југоистокот.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Температурата ќе достигне од 2 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно, попладне со врнежи од снег. Температурата ќе достигне 3 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во претпладневните часови. Наутро на повеќето места температурите ќе бидат за 2 до 3 степени под нулата. Во сабота во западните делови ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Постепено затоплување со врнежи главно од дожд ќе има од недела попладне.

Најмногу снег и најстудено изутринава е во Маврово, каде што снежната покривка е 25 сантиметри и се измерени минус седум степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...