fbpx

Времето денеска со дожд, утре се очекува снег

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Претпладнево повеќе врнежи ќе има во западните делови, а попладне и кон крајот на денот во источните, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој до крајот на денот во северните делови ќе го промени правецот во северен.

Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен источен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен. Температурата ќе се движи до 12 Целзиусови степени.

Утре поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.

В четврток ќе биде студено, на места со провејување на слаб снег, а в петок се очекува разведрување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...