Времето денеска со дожд, а на планините со услови за снег


       
Скопје, 22 октомври, 2018 - 9:14 (META) 

Облачно, свежо и ветровито време ќе преовладува денеска. Ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, а на повисоките планини ќе има услови за снег, вели прогнозата на УХМР.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 19 Целзиусови степени.

Во наредните денови времето ќе биде променливо и постудено со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег, особено в среда.