Времето денеска облачно со повремен дожд


       
Скопје, 26 јуни, 2018 - 9:00 (META) 

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Во јужните делови од државата се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток.

Утринската температура се движеше од 9 до 18 Целзиусови степени, а  дневната ќе изнесува меѓу 15 и 22 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, слично време со повремен локален дожд и ветер од североисточен правец. Утринската температура се спушти до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

До четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со врнежи од дожд. Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а локално и над 75 л/2 дожд.

Од петок се најавува посончево време со значителен пораст на дневната температура