Времето денеска и утре променливо облачно


       
Скопје, 19 април, 2018 - 9:10 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а во јужните делови со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе изнесуваат меѓу 18 и 27 Целзиусови степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно со краткотрајни локални врнежи од дожд во јужните делови и температури од 16 до 24 Целзиусови степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температури од 17 до 27 Целзиусови степени.