fbpx

Вредноста на договорените градежни работи помала за 52,7 проценти во однос на 2014 година

-

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 55.481.121 евро, што е за 52,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни
работи во вкупна вредност од 43.354.715 евра, што е за 136,7 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Хрватска, Италија, Србија, Босна и Херцеговина и во Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.

Како нови пазари се јавуваат Полска, Словенија, Малта и Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...