fbpx

Вранишковски излезе од затвор

-

Јован Вранишковси вечерва излезе од затворот „Идризово“ откако Апелацискиот суд ја одби жалбата на обвинителството за неговиот условен отпуст.

„Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, против решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, донесе решение со кое жалбата се одбива како неоснована. Апелацискиот суд утврдил дека првостепениот суд правилно постапил кога, во согласност со член 200-203 од Законот за извршување санкции и со член 36 од Кривичниот законик, го уважил предлогот на директорот на КПУ „Идризово“ Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, сега на издржување на казна затвор во КПУ „Идризово“, се вели во соопштението на судот.

Кривичниот суд на 12 јануари донесе одлука за условен отпуст на Вранишковски, но обвинителството, иако првично соопшти дека Вранишковски ги исполнува условите за условен отпуст, по неколку дена поднесе жалба на одлуката на кривичниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...