Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 107,9.
Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во декември 2014 година, во однос на
декември 2013 година, бележи опаѓање од 3,5 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 9,6 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и со климатизација опаѓање од 1 процент.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 4,7 проценти, капитални производи за 113,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 4,9 проценти и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 1 процент, додека опаѓање бележи кај енергија за 4,5 отсто.