fbpx

Вработените во МВР ќе донираат по 100 денари за своите колеги погодени од поплавите

-

Вработените во Министерството за внатрешни работи ќе донираат по 100 денари од својата месечна плата како помош за своите колеги погодени од поплавите во Скопје и околината, соопшти попладнево МВР.

Според податоците, констатирани на терен од службите на МВР и на Македонскиот полициски синдикат, во поплавите оштетени бил домовите на 135 припадници на МВР.

„Со цел да им се помогне на нашите колеги Министерството и Синдикатот покренуваат повеќе акции. Во тек е акција за заддршка на платата на вработените во МВР од по 100 денари, кои ќе бидат доделени на сите вработени во МВР кои се оштетени од поплавите. Синдикатот од Солидарниот фонд, дополнително ќе додели по една просечна плата за настраданите членови на синдикатот. Министерството и Македонскиот полициски синдикат организираат и акција за дистрибуција на специјални маски за заштита од бактерии и вируси и медицински ракавици за сите ангажирани колеги кои пружаат помош на оштетените во поплавата“, стои во соопштението од МВР.

Според мартовскиот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација, МВР има вкупно 11.325 вработени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...