fbpx

Вработените од „Југохром“ на принуден одмор

-

Месецов вработените од „Југохром“ ќе бидат на принуден одмор, соопштија денеска од синдикатот на комбинатот.

– Успеавме да издејствуваме од одборот на „Југохром“, работниците да бидат пратени на принуден одмор, односно ќе земаат 70 проценти од платата и ќе седат дома. За наредните месеци не се знае судбината на вработените, но ние ќе продолжиме да преговараме со раководството на комбинатот – изјави Бајрам Амити, претседател на синдикатот.

Тој додаде дека за наредниот период планираат да организираат протести, на кои ќе побараат фабриката повторно да се отвори.

– Ќе организираме протести и други видови притисоци за да смени одлуката на Министерствотото за животна средина, „Југохром“ да биде затворен. Во периодот што следува ќе се докаже дека „Југохром“ не е најголемиот загадувач на воздухот, кој ќе биде енормно загаден и покрај неработењето на нашата фабрика – изјави Амити.

„Југохром“ ги исклучи печките минатата недела откако Инспекторатот за животна средина донесе одлука за затворање на фабриката, поради пробивањето на двегодишниот рок за изградба на филтер-станица, кој истече на 31 октомври годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...