fbpx

Возот украсен со фрески, наместо на Косово, ќе вози од Краљево до Пожега

-

Возот во боите на српското знаме, испишан со паролите „Косово е Србија“ на дваесетина јазици, нема да сообраќа од Белград до Косовска Митровица, како што претходно беше планирано, туку од утре ќе превезува патници од Краљево до Пожега, јавува дописникот на „Мета“ од Белград.

– Поради безбедност на патниците и на вработените во железницата, одлучив овој воз повеќе да не сообраќа на линијата до Косовска Митровица, која беше воведена на предлог и со финансиска поддршка од канцеларијата за Косово и Метохија. Но, затоа овој воз со истиот ентериер ќе биде воведен во домашниот железнички сообраќај и тој уште од утре ќе превезува патници од Краљево до Пожега – рече министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ.

Таа рече дека одлуката возот повторно да сообраќа, но по друга траса, е донесена само од економски причини, затоа што „возовите за кои се платени 100 милиони долари не смеат да стојат и да прават трошоци, туку мора да превезуваат патници и да прават профит“.

Според пишувањето на весникот „Политика“, украсувањето на возот, на кој однадвор се испишани пароли, а однатре е украсен со српски средовековни фрески, го организирала канцеларијата за Косово на владата на Србија. Возот на 14 јануари тргна од Белград кон Косовска Митровица, но беше запрен во Рашка и вратен во Белград од безбедносни причини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...