fbpx

Возило влета во толпа во Мелбурн – 19 лица се повредени

-

Најмалку 19 лица се повредени откако џип влета помеѓу пешаци, соопшти австралиската полиција, додавајќи дека возачот е уапсен. Засега нема информации дали станува збор за терориристички напад.

„Би-Би-Си“ јави дека полицијата во Мелбурн соопшти дека станува збор за „намерен чин“, но дека се уште е рано да се зборува за мотивите за нападот.

– Врз основа на тоа што го видовме, веруваме дека станува збор за намерен чин. Мотивите не се познати – рече Расел Барет, началник на полицијата на австралиската сојузна држава Викторија.

Очевидецот Кри Гет вели дека стоел на аголот на улиците Флиндерс и Елизабет со кафе во рака кога слушнал врескање.

– Кога се свртев, видов многу тела на земја. Видов автомобил кој гази луѓе. Летаа тела на сите страни – рече Гет.

Тој наведува дека помеѓу 60 и 100 лица ја минувале раскрсницата кога во толпата влетал автомобил, кој се движел со брзина од околу 70 километри на час.

Локалните медиуми јавуваат дека полицијата ги повикала граѓаните да го избегнуваат ова подрачје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...