fbpx

Возачот починал од срцев удар, а не од пад во рудникот, реагираат од „Бучим“

-

Раководството на рудникот „Бучим“, каде претпладнето почина нивен вработен, реагираше на непроверени информаци и претпоставки во некои од медиумите во Македонија, коишто пренесоа дека човекот починал по пад во рудникот.

Меѓутоа, 50-годишниот Љупчо Наков, кој работел како возач во рудникот, починал од интензивен срцев удар. Тој се  струполил на земја додека на колега му покажувал каде да се движи цистерната низ површинскиот коп на рудникот.

Веднаш интервенирала медицинска екипа, бил префрлен во Здравствениот дом во Радовиш, каде само му била констатирана смрт.

Директорот Николајчо Николов реагираше на објавените вести.

– Некои портали објавија дека во рудникот „Бучим” загинал работник, кој паднал од голема висина. Жал ми е што луѓето си дозволуваат да објавуваат такви непроверени информации, при што треба да се има во предвид дека Љупчо Наков има свое семејство и сите кога ќе слушнат ќе се прашуваат што е вистината – изјави Николов.

Починатиот работник бил регистриран дијабетичар, а имал и срцеви проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...