fbpx

Воз прегазил човек кај Згрополци

-

Вработен во „Македонски железници“, утрово, дваесетина минути по полноќ, во велешката полиција пријавил дека товарниот воз кој сообраќал на релација Трубарево-Гевгелија, транзит за Солун, кај место Згрополци, удрил во непознато лице кое се наоѓало на шините.

Јавен обвинител и увидна екипа од велешката полиција извршиле увид на местото, каде што пронашле дел од телото, обувки, облека и траги од крв и ткиво.

Неколку часа подоцна, околу 06.20 часот, петмина авганистански државјани, еден маж на возраст од 44 години и четири малолетни лица, во полициското одделение за обезбедување возови во Скопје пријавиле дека во раните утрински часови, додека се движеле пеш по железничката пруга Градско-Згрополци, наишол товарен воз и едно лице било прегазено. Исто така, Авганистанецот пријавил дека телото го покрил со камења од пругата и продолжил заедно со четирите деца да се движи пеш кон Скопје. Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...