fbpx

Вооружен напад на седиштето на полицијата во Далас

-

Седиштето на полицијата во градот Далас, во сојузната американска држава Тексас, утрово бил цел на вооружен напад од засега непознат број лица, кои отвориле оган на полициските службеници, пренесуваат свестките медиуми.

Еден од напаѓачите, според првичните извештаи, избегал од местото во оклопно комбе, кое било користено во нападот.

Во близина на седиштето на полицијата биле пронајдени неколку торби, од кои најмалку една била полна со експлозив и со бомби.

Во нападот, за кој мотивите засега се непознати, еден полицаец бил повреден.

Шефот на полицијата во Далас, Дејвид Браун, цитирајќи сведоци на престрелката, изјавил дека најмалку четири лица учествувале во нападот, кој се случил околу 5.30 часот, според европско време. Сепак, овие информации сè уште не се потврдени, додал тој.

Полицијата веднаш почнала со потера, која завршила на паркиралиште во Хачинс, место оддалечено околу 14 километри од центарот на Далас, каде полициски службеници преговараат со напаѓачот, кој побегнал со комбето, а кое, според информациите, имало отвори за пушки од страните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...