fbpx

Вонреден состанок на шефовите на дипломатија на ЕУ за нови санкции кон Русија

-

Министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на ЕУ, денеска во Брисел ќе разговараат за заострување на санкциите кон Русија поради поддршката на официјална Москва за проруските сили во Украина.

На вонредниот состанок, се очекува новиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, да се спротистави на воведување нови казнени мерки против Русија, имајќи предвид дека Грција се дистанцираше од изјавите на Советот на ЕУ.

Советот на ЕУ, кој се состои од шефовите на државите и на владите на сите земји-членки, завчера во заедничка изјава, ја осуди Русија за воена и за материјална поддршка за проруските активисти во Украина, кои се виновни за смртта на најмалку 30 цивили во Мариупол, и се закани со строги санкции.

Сепак, новата грчка влада се дистанцираше од ваквата изјава, тврдејќи дека не биле консултирани и оти не стојат зад ставовите изнесени во неа.

Од кабинетот на претседателот на Советот, Доналд Туск, вчера порачаа дека соопштението минало низ вообичаените канали пред да биде објавено и оти веројатно настанала грешка во комуникацијата поради примопредавањето на власта во Атина.

Пратениците на СИРИЗА во Европскиот парламент редовно гласаа против сите резолуции во кои се критикуваше Русија, а, исто така, гласаа против потпишувањето на Спогодната за стабилизација и асоцијација на ЕУ и на Украина.

Имајќи го предвид недостигот од неопходен консензус, министрите денеска нема да донесат одлука за воведување поостри санкции, туку тоа ќе им го препуштат на шефовите на држави и на влади, кои кон средината на следниот месец ќе се соберат на неформален состанок во Брисел. На тој самит, првпат во својство на премиер на Грција ќе присуствува и Ципрас.

Досегашните санкции опфаќаа 132 руски и украински функционери, на кои им е забрането патување во ЕУ, и 85 претпријатија и банки на кои им е забранет пристапот на европскиот пазар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...