fbpx

Волци што одат „по риба“ – буквално (видео)

-

Тим биолози во американската држава Минесота направиле снимки на волци кои скокаат во вода и ловат риби од поток.

Првите вакви снимки на волци беа објавени деновиве на страницата на Фејсбук на Националниот парк „Војажер“ и се резултат на повеќегодишен проект кој опфаќа следење на движењето на волците со ГПС-околувратници.

Откритието на тимот предводено од докторантот Томас Гејбл е објавено преку труд во научното списание Mammalian Biology („Биологија на цицачите“).

Тие забележале дека една  од глутниците во националниот парк поминува многу време покрај еден поток. Истражувајќи на локацијата, забележале дека волците во текот на ноќта стојат на брегот и повремено скокаат во водата откако ќе слушнат звуци на прскање. Кога поставиле камери за ноќно снимање утврдиле дека волците според звуците го откриваат присуството на риби кои ги ловат и потоа ги јадат на брегот.

„Може да видите како волците одеднаш скокаат во водата неколку пати откако слушаат плискање – научиле дека звукот е поврзан со рибите и знаат дека значи храна“ – изјавил истражувачот Том Гејбл за Њујорк Тајмс на 14 декември.

Волците обично се поврзуваат со лов на копнени животни и до сега само во многу ретки случаи е забележено дека ловат риби во приморски подрачја. Такви случаи имало во Аљаска и канадска Британска Колумбија, при мрестењето на лососите.

Според научниот труд, волците од Националниот парк „Војажер“ во Минесота ловат слатководни риби како штуки и бели чистачи. Истото истражување открило дека ова група волци, во недостаток на вообичаен плен како што се елените, јадат боровинки и ловат дабари.

Професорот Џозеф Бамп од Универзитетот од Минесота, специјалист за истражување на дивиот свет, изјавил дека ова ново однесување не е целосно изненадувачко, со оглед на тоа што волците се исклучително адаптибилни во поглед на барање храна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....