fbpx

Војна со информации меѓу Белград и Приштина по посетата на Тачи на северот на Косово

-

Нови тензии меѓу Белград и Приштина предизвика вчерашната ненадејна посета на северот на Косово на претседателот Хашим Тачи и веднаш потоа избрзаната реакција на Белград со кревањето на највисоко ниво на степенот на готовноста на војската и полицијата, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Сето почнало кога провладините медиуми во Србија објавија дека големи сили на специјалната косовска полиција се распоредени на северот на Косово, дека го зазеле вештачкото езеро кај браната Газивода и дека тие уапсиле повеќе лица.  Потоа следуваа соопштенија на српското МВР и на српскиот претседател за кревањето на борбената готовност на полицијата и на војската на највисоко ниво, а министерот за полиција Небојша Стевановиќ рече дека таа одлука ја донел „поради нападот на Албанците на северот на Косово и апсењето на Срби“.

Потоа од Косово дојде информација дека специјалците на северот на Косово биле како обезбедување на Тачи кој дошол да го посети граничниот премин Брњак и езерото Газивода, каде се повозел со чамец 15 минути и дека ништо не е запоседнато и дека никој не е упасен.

Меѓутоа во Белград настанот е оценет како „опасна провокација“, а шефот на вадинината канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ, одржа прес конференција на која тврдеше дека косовските сили влегле во Газивода и упасила Срби и ги обвини амбасадите на западните земји дека ширеле лажни информации  за повлекувањето на специјалните косовски сили.

Подоцна на нацијата и се обрати претседателот Александар Вучиќ кој оцени дека со потезите на Приштина е загрозен мирот, но дека Србија „реагирала одмерено, мирно и сталожено“. Тој предупреди дека „Србија нема да толерира насилство врз Србите на Косово и Метохија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...