fbpx

Воената и разузнавачката администрација на САД, цел на хакерски напад

-

Хакери, за кои постојат сомневања дека се поврзани со Кина, извршиле напад на системите на разузнавачката и на воената администрација на САД и, наводно, дошле до чувствителни информации за повеќе од еден милион вработени, пишува „Вашингтон пост“.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, информации за големиот хакерски напад се појавиле минатата недела, но официцијални лица на САД сега соопштуваат детали за нов пробив.

Постојат стравувања дека хакерите успеале да дојдат до важни податоци за безбедносниот персонал на САД и за нивните семејства, кои можат да се искористат за нивно уценување.

„Таа база на податоци е многу чувствителна и има многу нивоа“, изјавил за „Вашингтон пост“ неименуван претставник на американските власти.

Весникот пишува дека нападите биле од поголеми размери отколку што првично се мислело и дека во базата на податоци можеби се наоѓаат досиејата на вработени во Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Базата на податоци за која станува збор, содржела лични податоци за вработените, како што се нивната финансиска историја, информации за нивните вложувања, семејни податоци, контакти со странци и имињата на нивните соседи и пријатели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...