!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Воен авион се урна кај Мадрид


       
Мадрид, 17 октомври, 2017 - 15:08 (META) 

Шпански воен авион „ф-18“ се урнал при полетување од воздухопловната база во околината на Мадрид, а пилотот загинал на самото место, соопшти шпанското министерство за одбрана.

„Во инцидентот за време на маневар при полетување, смртно настрада пилотот на авионот“, напиша министерството на „Твитер“.

Телевизиите објавија снимка од огромен облак од чад како се издига над воздушната база Торејон де Ардоз, дваесетина километри од шпанската престолнина. Несреќата се случила околу 11 часот по локално време.

Ова е втора поголема несреќа со воен авион во Шпанија за само една недела.

Минатиот четврток кај воздухопловната база Лос Ланос, 330 километри источно од Мадрид, се урна воен авион кој учествуваше во воена парада по повод шпанскиот национален празник. При авионската несреќа загина и пилотот.