fbpx

Водителот му го монтирал средниот прст на Варуфакис

-

Германскиот телевизиски водител Јан Бемерман призна дека ја монтирал снимката на која се гледа како грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, ѝ го покажува средниот прст на Германија, пишуваат германските медиуми.

Бемерман, кој ја води сатиричната емисија „Нео магазин ројал“ на телевизијата ЗДФ, рече дека до неделата чекал некој да го праша дали ја монтирал лажната снимка, која предизвика бура во јавноста, но оти никој не го прашал.

– Извините господине Варуфакис, тоа нема да се повтори – рече германскиот водител, објаснувајќи дека неговиот продукциски тим го лажирал видеозаписот.

На снимката се гледа Варуфакис како на настан во Загреб, во 2013 година, пред да стане грчки министер за финансии, зборува за проблемите со кои се соочува неговата земја, а потоа го покажува средниот прст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...