fbpx

Во знак на солидарност со нападнатите колеги, „Мета“ нема да известува од протестите

-

Во знак на протест поради нападот врз нашите колеги од порталот „А1он“, но и поради континуираните вербални напади врз сите новинарските екипи, новинската агенција „Мета“, придружувајќи им се и на другите медиуми, нема да известува за денешните протести на иницијативата „За заедничка Македонија“, ниту во Скопје, ниту од другите градови. Доколку на протестите се случат насилства и нови напади, за тие настани ќе ја известиме јавноста, но говорите и пораките од протестите целосно ќе ги игнорираме.

Ова го правиме уште повеќе затоа што организаторите на протестите не изразија жалење за нападот врз новинарската екипа на „А1он“, ниту, пак, ветија дека ќе сторат сè за безбедноста на екипите и на известувачите во иднина. Истовремено сакаме да ги повикаме учесниците, а особено Министерството за внатрешни работи, Владата и организаторите на протестите, да ја преземат и да ја прифатат одговорноста за досегашните и за сите идни инциденти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...