fbpx

Во Владата залудно постојат министри за странски инвестиции, обвини ВМРО-ДПМНЕ

-

Владата на СДСМ за само три месеци ја покажа својата неспособност во привлекувањето инвеститори и во отворање нови работни места, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Во Владата залудно постојат министри без ресор за привлекување инвестиции. Во Владата залудно постојат двајца советници од Србија кои се плаќаат со народни пари. Овие дебели хонорари не донесоа никаква добробит. Резултатот од оваа неодговорност се нула инвеститори во овие три месеци и нула отворени работни места – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Тој истакна дека економската политика на СДСМ е „фијаско“, а Владата наместо да привлекува странски инвеститори, по секоја цена сака да ги избрка и тие што веќе инвестирале во земјава.

– Ова нема да се одрази само на невработеноста. Тоа ќе се одрази и врз целото стопанство, бидејќи голем број фирми се директно поврзани со производствениот процес во странските инвестиции – рече Данев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...