fbpx

Во Владата напладне ќе се одржи дебата за реформските приоритети

-

Во свечената сала на Владата, денеска,  со почеток во 12 часот, ќе се одржи дебата за реформските приоритети.

„Поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција, а во согласност со определбата на Владата за транспарентност во работата и за вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, денеска во Владата ќе се одржат тематски консултации за областите кои се битни во процесот на креирање политики во согласност со реформските приоритети“, се вели во соопштението од Владата.

На дебатата воведно обраќање ќе имаат премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а ќе присуствува и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...