fbpx

Во Украина убиени четворица војници

-

Четворица украински војници се убиени денеска на истокот на Украина, каде секојдневно се прекршува примирјето што стапи на сила во средината на февруари, соопшти полицијата во регионот Луганск.

„Бунтовниците испукале противтенковски проектили во моментот кога преку еден мост поминувало возило со војници во Чачастиј, место кое е под контрола на украинската влада и кое се наоѓа на околу 15 километри од сепаратистичкото седиште Луганск“, навела украинската полиција.

Во нападот, кој се случил околу 10 часот по локално време, убиени се четворица припадници на 92. Бригада на украинската војска.

Портпаролот на украинската војска, Андри Лисенко, вчера објави дека три украински војници се убиени во последните 24 часа во експлозија на мина во близина на Авдивка, град кој е под контрола на владејачките сили и кој се наоѓа во близина на урнатините од аеродромот во Доњецк, кој е во рацете на бунтовниците од јануари.

Новото примирје на истокот на Украина стапи на сила на 15 февруари, по потпишувањето на вториот договор од Минск, на 12 февруари, со посредство на францускиот претседател Франсоа Оланд и на германската канцеларка Ангела Меркел, а во присуство на рускиот претседател Владимир Путин.

Во конфликтот на истокот на Украина за една година загинаа повеке од 6.000 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...