!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Во Турција почна судењето на новинарите на кои им се заканува доживотна казна


       
Анкара, 18 септември, 2017 - 20:21 (META) 

Во Турција почна судењето на турските новинари и медиумски работници кои се обвинети дека го поддржуваат Фетулах Ѓулен.

На обвинетите, кои негираат дека се виновни, им се заканува доживотен затвор.

На списокот на обвинети има 31 новинар, односно медиумски работник, а им се суди поради нивната наводна поврзаност со неуспешниот обид за воен пуч во Турција мината година.

Меѓу обвинетите се и новинари и раководството на весникот „Заман“, кој државата ги затвори во јули минатата година.

Тие се осомничени за членство во вооружена терористичка организација и за обид за уривање на владата и на уставниот поредок.