fbpx

Во Турција уапсени петмина македонски државјани, припадници на ИД

-

Во Турција биле уапсени петтмина македонски државјани кои се осомничени дека се припадници на Исламската држава. Акцијата била спроведена на 12 август, од страна на турската полиција, а по приведувањето осомничените биле однесени во Прифатниот центар за странци во Истанбул, соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

– Во текот на акцијата, при обид за бегство, две од лицата добиле тешки телесни повреди. Според досегашните сознанија, лицата биле претходно поттикнати и организирани од македонски државјани – џихадисти, кои подолг период престојувале во Сирија, а осомничените заминале за Турција со единствена крајна цел – приклучување кон радикализирани единици во Сирија – рече Чавков.

Тројца од приведните во акцијата „Ќелија 3“ се од Куманово, а двајца од Скопје. Тие се екстрадирани во Македонија и против нив е поднесена кривична пријава поради сомнеж  дека учествувале во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. Судија на претходна постапка на сите пет пријавени лица им определил притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...