Во Турција спречен напад на бомбаш самоубиец

Турската полиција уби бомбаш самоубиец кој, според наводите на безбедносните извори, се подготвувал да изврши напад на полициска станица во градот Мерсин.

Полициската станица се наоѓа веднаш до регионалното седиште на турската национална разузнавачка агенција МИТ.

Државниот обвинител на Мерсин, Мустафа Ерчан, изјави дека властите работат на случајот и дека постои сомнеж оти напаѓачот е припадник на Исламска држава.

Инцидентот се случил во 9.30 часот по локално време, кога полицијата го воочила мажот, на возраст од околу 30 години, кој чудно се однесувал и не запрел иако му било наложено да го направи тоа.

Полицијата пукала и го убила на 30 метри од полициската станица.

Мажот кај себе имал експлозивна направа на чија деактивација во моментов се работи.