fbpx

Во центарот на Битола ископани гробови од Отоманскиот период

-

Во центарот на Битола, кај месноста Стевче Патако, при градежни работи, најдени се човечки коски и остатоци од гроб, од Oсманлискиот период.

На само неколку метри од објектот на урбаната заедница, на самиот агол, градежни работници ископале остатоци од човечки коски, како и делови од гробови, по што по налог на Завод и музеј „Битола“, работите се стопирани и денеска се започнати ископувања, со цел да се утврди за што конкретно станува збор. Ова за „Мета“ го потврди археологот Енгин Насух, кој денеска со екипа од Завод и музеј „Битола“ излезе на терен.

Насух првично смета дека се работи за гробови од Османлискиот период, бидејќи своевремено на таа локација имало џамија.

– Најверојатно не станува збор за гробишта, бидејќи не најдовме гробови во некој организиран редослед, но веројатно се работи за гроб или неколку гробови, за кои допрва треба да се истражува со ископувањата и со слегувањето ниво под ниво. Коски веќе најдовме, за што ќе следи анализа – вели Насух.

Инаку, пред четириесеттина години кога се затрупувала и регулирала реката Курделец, покрај улицата Солунска, во напосредна близина на споменатиот локалитет, исто така биле најдени човечки остатоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...