fbpx

Во Тирана се одржува Форум на граѓански здруженија од Западен Балкан

-

Форум на граѓански организации од Западен Балкан се одржува во Тирана од денеска до 28 април, пишува весникот на македонски јазик „Илинден“.

Средбата е во функција на претстојниот Самиот за Западен Балкан, кој се планира да се одржи во јули во Трст.

Целта  е да се предложат конструктивни и изводливи политики, кои поддржуваат реформски процеси во земјите на Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ.

Учествуваат стотина претставници на граѓански организации од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, и од домаќинот Албанија, како и претставници на европски институции, парламенти на земјите од Западен Балкан, како и италијанското Министертвото за надворешни работи.

На форумот се говори за тоа како граѓанскиот сектор придонесува во изградбата на европската агенда и европската политика, како и за соработката на младите, а ќе бидат формулирани препораки за Самитот во Трст.

Тие се однесуваат на иднината на Берлинскиот процес, соработката на младите, владеењето на правото и на антикорупцијата, иновациите, билатералните односи, јавуваат албанските медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...