fbpx

Во Тетово презентиран ДУП-от за Попова Шапка, екологистите разочарани

-

Здружението за планирање, градежништво, трговија и услуги „Про-Инженеринг“ вчера го претстави Деталниот урбанистички план (ДУП) за Попова Шапка, а од Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ обвинија дека Општина Тетово одлучила да усвои план што никогаш не може да се реализира, известува „Порталб“.

ДУП-от за Попова Шапка предвидува неколку проширувања на патиштата и зголемување на капацитетите за паркирање. Во овој план не е вклучен делот каде што се наоѓаат ски-лифтовите, туку само делот кој што е замислен како викенд зона.

Присутните на презентацијата, граѓани и инвеститори, дадоа свои идеи за тоа што треба да се поправи во урбанистичкиот план. Од Општината велат дека предлозите ќе бидат разгледани и ќе бидат земени предвид.

-Откако ќе се разгледаат предлозите, ДУП-от ќе биде испратен до Министерството за транспорт и врски и ќе биде одобрен – објасни Арменд Фазлиу од Општина Тетово.

Од друга страна, од Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ велат дека планот е стар а презентацијата е направена само со цел Општина Тетово да се оправда дека во овие моменти подготвуваат нешто ново по барањата на Иницијативата.

-Деталниот план е истиот што го подготви поранешниот градоначалник Сади Беџети и сега истиот се преиспитува. Овој проект беше спречен од многу институции поради многуте негативни анкети кои предвидуваа дека со тоа се врши уништување на Попова Шапка – рекоа од граѓанската иницијатива.

Според нив не е усогласен со Мастер планот подготвен од ЕЛЕМ.

-Деталниот урбанистички план не е во согласност со Мастер планот подготвен од страна на ЕЛЕМ, план кој е во сила (објавен од Општина Тетово) и без усогласување или соодветна поврзаност на Мастер планот и ДУП-от не може да има квалитетно или долгорочно решение. Побарано е профилите на патиштата што водат кон централните хотели и хотелите што се предвидени за изградба, да имаат простор за паркирање на двете страни на патот. Жителите на викендичките бараат да се предвиди посебен влез или посебна врска за да се олесни сообраќајот помеѓу населбата и туристичкото одморалиште – велат од  Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Тие велат дека Општина Тетово со овој ДУП е во контрадикција со одлуките за уривање на оградите, активност што ја спроведе минатата година, а сега истата општина врши парцелизирање на површините каде што ќе се постави објект и површината околу него, и ја гарантира приватизацијата од страна на инвеститорот, чин што е во спротивност со одлуката за рушење на оградите.

Од Иницијативата бараат општината да организира уште еден состанок на повисоко ниво со урбанисти и добри познавачи на оваа проблематика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...