fbpx

Во Тетово масовно се градат дивоградби, а Општината сè уште не реагира на терен

-

Локалната власт сè уште не презема никакви мерки да ја спречи изградбата на бесправните објекти. И покрај тоа што Општина Тетово пред повеќе од четири месеци има избрано фирма за уривање на дивоградбите, состојбата на терен е хаотична. Решенијата за уривање на дивоградбите донесени од тетовскиот инспекторат не се спроведуваат, а од друга страна, постојано никнуваат нови бесправни објекти.

Од кабинетот на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, велат дека ќе се почне со уривање на бесправните објекти во согласност со општинската програма.

– Ние уште летоска, на 8 август, ја избравме фирмата „Еуро инвест“ за уривање на дивоградбите. Со оваа фирма потпишавме и едногодишен договор за оваа намена. Фирмата ќе почне со уривање во согласност со општинската програма – изјавија од кабинетот на градоначалничката Теута Арифи.

Но, од Општина Тетово, не одговорија што содржи општинската програма за уривање на дивоградбите и кога таа ќе почне да се реализира.

Општина Тетово повеќе од една деценија се соочува со проблемот со дивоградби. Локалните власти неколку години се правдаа дека проблемот веднаш ќе биде решен, откако ќе се избере фирма за уривање на бесправните објекти. Фирмата се избра, но сè уште на терен не се преземаат никакви активности.

Дивоградбите во Тетово ги има насекаде. Во центарот на градот, на периферијата, но најконцентрирани се долж горниот кањон на реката Пена и кон излетничкото место Кале, каде инвеститорите слободно градат на државно земјиште викендички, куќи, ресторани и хотели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....