fbpx

Во тензична атмосфера, членовите на ДИК отфрлија два приговори од Беса

-

Државната изборна комисија во тензична атмосфера и со постојани препирки меѓу членовите, одбија два од осумте приговори поднесени од Движењето Беса.

Првиот приговор за избирачко место во општина Арачиново беше одбиен затоа што од Беса не доставиле докази пред истекот на рокот. Да не го прифатат приговорот, членовите на ДИК одлучија со седум гласа „против“ и со два гласа „за“.

– Ако ги разгледуваме вака, тогаш не знам до каде ќе стигнеме. Овој приговор по мене е само пишување, укажување дека е сторена некаква повреда, но нема доказ, затоа сметам дека е неоснован. Изјави може секој да обезбеди заверени на нотар, но нема други опиплви докази – рече членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими.

Виолета Дума, член на ДИК од СДСМ, сметаше дека приговорот е навремен, дека ги содржи елементите на приговор и дека треба да се прифати изјавата заверена на нотар затоа што нотарот е државен орган на кој треба да му се верува.

Членовите на ДИК, по жестоката расправа за третиот приговор на Беса се на пауза.

Пред паузата, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ рече дека приговорите биле поднесени само за да се направи промена во добиените мандати.

– Очигледно дека приговорите не се дадени за вистински нерегуларности туку за да се изнуди промена на мандатите. Бадијала губиме време за приговори кои се правно неосновани и се дадени само затоа што некој сака да направи промена во мандатите – рече Бонева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...