fbpx

Во Тафталиџе турканица, во Центар со лезет се доставуваат документи во Државен архив

-

Денес истекува рокот за компаниите и за државните институции да го известат Државниот архив на Македонија на кој начин ќе ги заведуваат документите. Оваа обврска ја имаат и државните институции, јавни установи и служби, општините и Град Скопје, јавните претпријатија, правните и физичките лица што вршат јавни овластувања, како и приватни, правни и физички лица што самостојно вршат дејност.

– Денеска примивме повеќе од 500 апликации, но повеќе метеж имавме во петокот. Последен рок за пријавување беше 30 ноември, но бидејќи 30 беше недела, крајниот рок го префрливме за денес. Тука се пријавуваат институциите и нема некоја особена турканица како што има во подружната единица во Тафталиџе, каде што се пријавуваат приватните фирми. Но, и доколку дојдат тука да поднесат документи за приватна фирма, нема да ги вратиме – велат од Државен архив на Република Македонија.

Оттаму додаваат дека сè уште не можат да кажат колку вкупно фирми го запазиле рокот и дали сите што имаат обврска да поднесат документи до архивот ќе го сторат тоа до крајот на денот. Материјалите може да се донесат во архивот или да се пратат електронски и по пошта.

Фирмите што нема да го испочитуваат рокот, ќе бидат казнети парично, од 1.000 до 2.000 евра за фирма и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице на компанијата.

Според измените на Законот за архивски материјал, сите правни субјекти се обврзани од 1 јануари 2015 година да водат Деловодник во кој ќе ги запишуваат сите документи кои влегле и излегле во фирмата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...