fbpx

Во Струга се одржа панел-дискусија за економска и политичка вклученост на младите

-

Во организација на „Порака нова“ и „Млади инфо“, денеска во Струга се одржува панел-дискусија „Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија“.

Поголема вклученост на младите во јавниот живот и во процесите на донесување одлуки на локално ниво се едни од клучните цели на регионалниот проект „Средиште на младински банки на Западен Балкан и Турција“, кој ќе се одвива во Србија, Албанија, Македонија и во Турција.

„Она што е заедничко за овие земји, покрај кандидатскиот статус за членство во ЕУ, се ниската младинска вклученост во донесувањето одлуки на локално ниво, како и во креирањето јавни политики, што во мал процент ја поттикнуваат младинската инклузија во рамките на едно општество. Акцентот ќе биде ставен на социјалната, економската и на политичката младинска инклузија, а ќе се разговара и за националните приоритети и за идните чекори што треба да се преземат“, велат организаторите на настанот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...