fbpx

Во стан во Скопје откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана

-

Екипи на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, во стан во Скопје откриле импровизирана лабораторија за производство на висококвалитетна марихуана, позната како сканк, соопшти денеска Министрството за внатрешни работи.

Како што информираат оттаму, станот во февруари годинава го изнајмил осомничениот М.Р. (32), кој потоа набавил опрема потребна за лабораториско одгледување и производство на канабис сатива и нелегално набавил семки од растението.

„По инсталирањето на нелегалната лабораторија, во повеќе саксии засадувал семки со растението канабис сатива, кои имал намера да ги одгледува до достигнување на одредена висина на садниците и до достигнување на потребната концентрација на ТXЦ вредноста (тетра хидрокси-канабинол, активна супстанца) по што ги обработувал (сечел, сушел и пакувал) заради понатамошна продажба, а за стекнување на противправна имотна корист. Исто така, од засега непознато лице неовластено набавил наркотична дрога хашиш по цена од 300 евра заради понатамошна препродажба“, стои во соопштението на МВР.

При претресот на станот, полициските екипи утврдиле дека во две простории била инсталирана софистицирана опрема која се користи за создавање погодни услови за одгледување марихуана во импровизирана лабораторија. При тоа биле пронајдени 105 саксии насади со канабис, две големи најлонски црни вреќи исполнети со гранки и со листови од канабис, 13 светилки, 19 пластични шишиња, пластична туба, кујнска вага, керамичко луле, пумпа за прскање, патент-кеси со 18 семки од канабис, ампула со четири семки од канабис, пакување за ризла, патент со грутка хашиш и други предмети.

„Од завршеното вештачење, утврдено е дека 103 стебла се растение канабис сатива со висина до 1,2 метри, а две стебла се со висина до 20 сантиметри. Исто така, при вештачењето констатирани се и 91 семка канабис, 30,2 грама марихуна, 388,2 грама хашиш“, велат од МВР.

Против М.Р. е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...