fbpx

Во Средоземното Море се удавиле 340 мигранти

-

Околу 340 мигранти загинале или исчезнале во бродолом во Средоземното Море во претходните два и пол дена, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Портпаролот на ИОМ, Флавио ди Џиакомо, наведе дека тоа значи дека повеќе од 4.500 мигранти починале или исчезнале во текот на 2016 година.

Тој додаде дека членовите на меѓународната организација „Лекари без граници“ во текот на ноќта спасиле 27 мигранти.

Според нивните податоци, повеќе од 130 мигранти се качиле на гумен чамец, а пронајдени се само седум тела.

Ди Џиакомо вели дека бројките се зголемиле годинава бидејќи мигрантите тргнале на пат и покрај нестабилните временски услови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...