Најмалку 19 мигранти загинаа во Либија кога камион со кој се превезувале, се превртел кај Бан Валид, 180 километри југоисточно од Триполи.
Во несреќата биле повредени уште 60 мигранти, а околу 200 се наоѓале во камионот. Причините за несреќата се уште не се познати.
Во Либија владее хаос уште од смената и убиството на долгогодишниот лидер, Муамер Гадафи во 2011 година. Од тогаш има две влади, една која е меѓународно признатa и ја предводи Фајез ал Сараџ во Триполи, a другата е во Бенгази, и неа ја предводи командантот на самопрогласената либиска национална војска, Халиф Хафтар.
Тој хаос ја направи Либија, главна транзитна зона за мигранти од Африка и Блискиот Исток кои сакаат да стигнат во Европа.