fbpx

Во сообраќајка на патот Радовиш – Струмица загина 19-годишно момче

-

Деветнаесетгодишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка помеѓу два автомобили, „голф“ и „мерцедес“, која се случила на магистралниот пат Радовиш – Струмица кај клучката Воиславци, информира МВР.

Со „голфот“ управувал Кристијан Р., роден 1998 година, кој починал на местото на несреќата. Неговата сопатничка, Елена Г., исто така родена во 1998 година, добила тешки телесни повреди и е пренесена во Здравствениот дом Радовиш, со возило на итна медицинска помош.

Со „мерцедесот“ управувал 48-годишниот Тодорче Ј.

На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и од увидна екипа од полициската станица Радовиш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...