fbpx

Во Собранието денеска ќе се разгледуваат годишни извештаи на агенции

-

Извештаи за 2016 година од повеќе агенции и комисии ќе се разгледуваат денеска од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, а исто така ќе заседава и собраниската Комисија за прашања на изборите и на именувањата, која ќе ја менува одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата на Собранието.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, помеѓу другото, ќе ги разгледува извештајот за работата на Агенцијата за aдминистрација  за 2016 година, годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка во 2016 година, годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2016 година.

Можеби најбитните извештаи што денеска собраниската комисија ќе ги разгледува се тие на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Судскиот буџетски совет и реализацијата на судскиот буџет за 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...