fbpx

Во Словачка не успеа референдумот за хомосексуални бракови

-

Поради недоволен одѕив на гласачите, референдумот на кој Словаците требаше да се изјаснат дали Уставот треба да забрани хомосексуален брак вчера пропадна.

Според Бирото за национална статистика, само 21,40 отсто од вкупниот број, 4,4 милиони гласачи, излегле да го дадат својот глас. Неопходниот процент за успех на референдумот е 50 отсто.

Дури 94,5 отсто од гласачите што излегоа на референдумот се изјаснија дека се против ваков вид брак.

Приврзаниците на хомосексуалниот брак ги повикаа Словаците да го бојкотираат референдумот кој, според нив, е цлосно непотребен. Имено, словачкиот Устав веќе го дефинира бракот како „ексклузивна унија помеѓу еден маж и една жена“. Во Словачка не е дозволена ниту цивилна унија помеѓу лица од ист пол.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...