fbpx

Во Скопје доаѓа заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан

-

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан, денеска ја почнува својата европска турнеја, во рамките на која во вторник ќе го посети и Скопје.

Тој исто така ќе ги посети Братислава, Виена, Софија, Сараево и Варшава.

Саливан во Скопје ќе пристигне на 18 декември, вторник, како највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.

Според најавата од Стејт департментот, заменик-државниот секретар на САД во Скопје ќе разговара за регионалните прашања и ќе ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите  и спроведувањето на Договорот од Преспа.

Саливан ќе има средби со претставници на власта, но и со бизнисмени и со граѓански организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....