fbpx

Во регионот, 800.000 лица изгубиле работа од 2008 година

-

Во регионот на Југоисточна Европа, 800.000 лица ги изгубиле своите работни места од 2008 година до денес поради двојната рецесија.

Ова денеска го истакна генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ, во рамкиите на Регионалната конференција за вработување и социјална инклузија во Југоисточна Европа и во Турција, која се одржува во хотелот „Александар палас“.

– Растечката нееднаквост, сиромаштијата, стареењето на населението, социјалната ексклузија се предизвиците со кои се соочуваат овие економии. Мерки за излез од оваа состојба се одржливост на макроекономската стабилност, позитивна бизнис-клима за инвестиции, силен човечки капитал, подобрување на работните вештини на младите, развој на инфраструктурата – истакна Свилановиќ.

Регионалната директорка на УНДП за Европа, Џихан Султаноглу, подвлече дека Западен Балкан е носител на некои несреќни светски рекорди.

– Во регионот, просечните нивоа на невработеност надминуваат 20 отсто, а стапките на вработеност, генерално, изнесуваат само 43 отсто, што претставува најверојатно најнизок удел од каде било во светот. Доволно фрапантно за работоспособното население како целина. Предизвикот е особено присутен меѓу младите, кои во некои од земјите повеќе од половина се без работа. Со толку многу млади луѓе соочени со изборот меѓу присилно безделничење дома и несигурна иднина во странство, постои вистински ризик тие да станат она што се нарекува „изгубена генерација“ – посочи Султаноглу.

Според неа, регионалната криза во однос на вработувањето на некој начин ги попречува напорите во регионот за премостување на јазот со Европската унија, чијшто животен стандард не може да се стигне.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...