Во Прилеп традиционален турнир во мал фудбал „Свети Никола 2015“


       
Прилеп, 20 октомври, 2015 - 12:12 (META) 

Во тек е пријавувањето на екипите за шестиот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал, што и годинава традиционално ќе се оддржи во чест на големиот празник Свети Никола, патронот на градот Прилеп.

Организатори се на турнирот се Општина Прилеп, конфекциската фирма „Комфи ангел“ и „Младинската мултикултурна заедница“ од Прилеп. Во зависност од тоа кога ќе се пријават екипите, котизацијата за учество изнесува 6.000 денари, 8.000 или 10.000 денари.

Настанот, како и секоја година, ќе биде збогатен со награден фонд за прво, второ, трето и за четврто место.

Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола – 2015“ ќе се оддржи од 11 до 27 декември во спортската сала „Арена Сонце“ во Прилеп.