fbpx

Во Прилеп почнува фестивалот „Пеце Атанасоски“

-

Денеска и утре, во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе се одржи 4. фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“.

В сабота на Рудина, фестивалот ќе го поздрави претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Во меѓувреме, од 30 јуни до крајот на фестивалот, се одржува семинар за изучување на македонскиот изворен мелос, беше соопштено на денешната средба со новинарите во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Според уметичкиот директор на фестивалот, Родна Величковска, фестивалот цели четири децении ја негува традиционалниот македонски фолклор.

– Од 500 пријавени, селекционата комисија избра 300 учесници од сите краишта на Македонија, а дваесетина што учествуваат на семинарот се од Русија и од Србија. Ансамблот „Волја“ од Вороњеж, Русија, го изучува традиционалното пеење, а гостите од Србија народните инструменти – рече Величковска.

Фестивалот почнува в петок, од 20 часот, со дефиле на сите учесници по булеварот Гоце Делчев, во центарот на Прилеп, а првата фестивалска вечер со учесниците на камената бина на плоштадот Александрија.
В сабота, од 11 часот, во киното „Мис Стон“ ќе се одржи презентација на филмот за јубилејното 40. издание на фестивалот, а од 12 часот во галеријата на Домот на културата „Марко Цепенков“ – трибина на тема „Влијанието на фестивалот во зачувување на македонскиот изворен мелос во Македонија и надвор од неа“.

Според Илчо Јованов, претседател на советот на фестивалот, тој ја исполнува својата мисија која ја почна неговиот основач, светскиот гајдаџија Пеце Атанасоски.

– Живее македонската традиционална музика и свирењето на инструменти. Семинарот на фестивалот го овозможува тоа зашто и македонските генерации и гостите од странство детално ја запознаваат македонската изворна песна. Предавачи на семинарот сме заедно со професорите Родна Величковска и Горанчо Ангелов од музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Новите генерации млади и студенти се едноставно вљубени во изворните инструменти: тапанот, гајдата, кемането – вели Јованов.

Досега, во четирите децении одржување на фестивалот учествувале повеќе од 9.000 исполнители на народни инструменти и песни од земјава и од речиси сите континенти. В сабота, фестивалот ќе ги додели наградите, главната награда за најдобри изведувачи и гајдата на „Пеце Атанасовски“ за најдобар странски изведувач на гајда која ја обезбедува Општина Долнени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...