fbpx

Во Прилеп отворена изложбата „Вевчански видувања“

-

Синоќа, во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, беше отворена изложбата „Вевчански видувања“.

Изложени се триесетина слики, дела на уметници од земјата и од странство, меѓу кои реномираните македонски творци – академик Васко Ташковски, Павле Кузмановски, Петар Попчев, Новица Трајковски, Данчо Ордев, Томе Мишев и други учесници на меѓународната Вевчанска ликовна колонија.

Сликите се подготвени на Вевчанската колонија, која постои од 2010 година. Досега учествувале повеќе од 50 реномирани ликовни ументици од Македонија, Русија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Египет, Франција и од други земји.

– Сликарите дојдени од повеќе земји потврдуваат дека во Вевчани сликарот може да ја наслика тишината, но и светлината да ја преточи во рапсодија од бои, подарувајќи на платното, во знак на заемна и вечна творечка љубов, самопочит и разбирање. Повозвишено од тој чин ниту имало, ниту ќе има. Сликарот и сликата прегрнати одат кон идните господови плодородија, на сликарската рамнотежа излеана од сите и за сите – вели за изложбата новинарот Мишо Китановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...