fbpx

Во предвелигденската недела, Македонија влегува со запалив политички вокабулар

-

Во тензична атмосфера и со засилена партиска реторика, за денеска е закажано новото, десетто по ред, продолжение на конститутивната седница на Собранието.

Со запалив политички вокабулар, Македонија влегува во следните четири дена од оваа скусена предвелигденска работна недела.

Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно, уште понагласено и поостро „предупреди“ дека „СДСМ треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира остро, а треба да очекува дека и народот ќе има сериозна реакција доколку влезе во сценарио на неправно, незаконско, недемократско и неделовничко однесување во парламентот“.

СДСМ на ова повика „Груевски да прифати дека постои ново парламентарно мнозинство, кое е во процес на формирање на новата реформска влада според мнозинската волја на граѓаните. За партијата „што и да направи Груевски, не може да се наметне како фактор, затоа што неговото време во политиката заврши“.

На „будност“ повикаа од иницијативата „За заедничка Македонија“, според кои „наредната недела е клучна, особено првите три дена, понеделник, вторник и среда“.

Седницата продолжува и под притисок на постојаните наводни „мобилизирања на македонски патриотски здруженија“, кои, како што пишуваат некои медиуми, „го мобилизираат своето членство во повеќе градови во Македонија за одбрана на државата во случај СДСМ да се обиде насилно да постави претседател на Собранието и да формира влада што ќе ја спроведува тиранската платформа“.

Конститутивната седница заглави на третата точка – избор на претседател и на членови на Комисијата за прашањата на изборите и на именувањата.

Листата на пријавени говорници сè уште не е исцрпена, а наместо дискусија, до четвртокот седницата се водеше со реплики, контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и процедурални забелешки од таа партиаја и од СДСМ.

СДСМ во четвртокот побара да се смени дневниот ред, со предлог од 10 пратеници, и да се премине на гласање на претседател на Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...