fbpx

Во пожар во тетовско Џепчиште целосно изгоре куќа

-

Во пожар изгоре куќа во тетовското село Џепчиште. Пламените јазици избувнале ноќеска, неколку минути по полноќ. Тетовската противпожарна единица за два часа го локализирала пожарот. Интевенирале со четири противпожарни возила, но гасењето било отежнато поради честото замрзнување на водата.

Претходната ноќ во голем пожар во тетовското шарпланинското село Бозовце изгореа три плевни, добиток и 14 тони сточна храна. Од пламените јазици беше зафатена и покривна конструкција од соседната куќа.

Поради можностите за избувнување пожари како резултат на човечко невнимание, стари и дотраени електрични инсталации, неисправни печки и неисчистени оџаци во куќите или станбените згради, Секторот за внатрешни работи Тетово апелирашe до граѓаните да бидат максимално внимателни, да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се присутни во домовите или работните простории, особено не греалки, климатизери или печки на дрва.

Затоа на сопствениците на куќи и на станарите во зградите им се советува да ги проверат и ако досега не ги исчистиле, да ги исчистат оџаците, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите со вклучување на повеќе електрични апарати наеднаш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...